Американската актерка Џенифер Анистон успева да остане во форма дури и на 56 години, а нејзиниот приватен тренер Дани Колман ја откри тајната на нејзиниот беспрекорен изглед.
Познатата актерка и ѕвезда од култната серија „Пријатели“, Џенифер Анистон (56), која зад себе има два неуспешни брака, е сè поприсутна во медиумите поради наводите дека има нова љубов, а тоа е „љубовниот гуру“ и лајф тренер кој исто така практикува хипноза, Џим Кертис, со кого пристигна на Мајорка за да го прослави Денот на независноста на Америка.