Изгорено човечко тело и изгорени грла добиток пронашле пожарникарите вчеравечер откако изгасиле пожар што избувнал кај мост на Лепенец, во близина на Железничка станица Ѓорче Петров.
Човечко тело било пронајдено изгорено во помошна просторија по пожарот што вчера избувна кај мостот на реката Лепенец, во близина на железничката станица во Ѓорче Петров, потврдија од Министерството за внатрешни работи за „Макфакс“.Пожарот, пријавен околу 18 часот, првин зафатил сува трева, но потоа се проширил и на неколку помошни објекти и штали, во кои имало домашни животни.