Следат проекциите на: Вторник 24 јуни, од 20 ч., „Странецот“, на Ники Илиев, во организација на Амбасадата на Бугарија и Бугарскиот културно-информативен центар; Среда 25 јуни, од 20 ч., „Куче на суд“, на Летисија Дош, во организација на Амбасадата на Швајцарија; Четврток 26 јуни, од 20 ч., „Таа Нова година што никогаш не дојде“, на Богдан Мурешану, во организација на Амбасадата на Романија; Петок 27 јуни, од 18 ч., „Убиј ги прво децата“ на Димитар Оровчанец, во организација на Кинотеката на Македонија; Петок 27 јуни, од 20 ч., „Слогани“ на Ѓерѓ Џувани, во организација на Амбасадата на Албанија; Сабота 28 март, од 18 ч., „Вереницата на поетот“ на Јоланда Моро, во организација на Амбасадата на Белгија во Софија, Сабота 28 јуни, од 20ч., „Вашите лица секогаш ќе ми бидат пред очи“, петкратен добитник на наградите Цезар, на Жана Ери, во организација на Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција; Понеделник 30 јуни, 20ч., затворање на Неделата на Франкофонскиот филм, со проекција на филмот „Ру“, на Шарл-Оливие Мишо во организација на Амбасадата на Канада во Белград. Republika