Легендарниот бенд Оејзис вчера повторно се собра по 16 години, на концертот во Кардиф.Бендот, предводен од браќата Галагер, настапи на стадионот Принсипалити пред десетици илјади обожаватели, со што ја отворија својата турнеја под наслов „Oasis Live ’25“.Како што пишува „Скај Њуз“, за оваа турнеја веќе се распродадени 1,4 милиони влезници, а вечерва првите 1.000 обожаватели добија специјални нараквици, за да си обезбедат места веднаш пред бендот.
Многумина пристигнале на местото на концертот уште ден претходно, па кампувале до почетокот на настанот.Повеќе од 75.000 луѓе беа сведоци на историски музички момент, кога Ноел и Лијам за првпат по 16 години застанаа заедно на бината.