Промоција на книгата „Околу три по полноќ“ од Димитрие Дурацовски Новата книга „Околу три по полноќ“ од Димитрие Дурацовски ќе биде промовирана на 19 јуни (четврток), во 19 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“.
Промотори на делото, кое е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе бидат Влада Урошевиќ , кој го напиша пoговорот на книгата, и уредничката - Оливера Ќорвезироска.„Околу три по полноќ“, која е прва публикација на Дурацовски по пауза од една деценија, е уникатно издание, отпечатено со две различни корици: празничен примерок и делничен примерок.