Оваа книга е вистинскa посластица за љубителите на писмото на Дурацовски, но и општо за љубителите на поинаквото, различното, на „пловењето” настрана од сите струи, правци и витли во книжевниот контекст; книга за губењето и наоѓањето на времето… Таа е надоврзување на четирите претходни книги на авторот (култните збирки „Тајна историја” од 1986 и „Црни пророци” од 1996, особено на романите „Insomnia” од 2000 и „Бледи сенки, далечни гласови” од 2014, за кои Дурацовски двапати го доби Рациновото признание) и само го потврдува впечатокот дека овој бележит автор пишува ЕДНА ИСТА КНИГА сето свое творечко време. Trn