На 28 јуни со почеток во 20:00 часот ќе биде прикажан долгометражниот филм „Најтешкото нешто“ во режија на Сердар Акар, во продукција на „Сектор филм“.
Како дел од документарната програма – на 27 јуни со почеток во 19:00 часот ќе биде прикажан „Време на бетон“ во режија на Игор Иванов, во продукција на „Скопје Филм Студио“. Republika
Алисија Ферро, истакнат филмски работник: Во својата богата кариера од над 30 години како скриптерка и секретар на режија, има работено на повеќе од 60 краткометражни и долгометражни играни и документарни филмови од кои значаен дел се добитници на значајни филмски признанија.
Седмото издание на филмската ревија „Златна рамка“ – Денови на македонскиот филм, во организација на Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ), ќе се одржи од 26 до 28 јуни, во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар (МКЦ). Во текот на трите фестивалски денови, „Златна рамка“ ќе биде централното случување кое ќе ги обедини филмските професионалци, авторите, актерите и љубителите на седмата уметност на едно место. Skopjeinfo