„Како бенд кој јавно зборува повеќе од 30 години за нелегалната окупација, системот на апартхејд и неказнивото убивање на илјадници Палестинци, ние сме хипер свесни и за човечката цена на ужасното политичко молчење и за комерцијалните импликации од јавното изразување солидарност со угнетениот народ.“ Легендарниот британски трип-хоп бенд Масив Атак е оформен во далечната 1988 година во градот Бристол, а оригиналниот состав го сочинувале Роберт „3Д“ Дел Наџа, Грант „Деди Џи“ Маршал, Адриан „Трики“ Таус и Ендру „Машрум“ Воулс.