Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
3
35.06
13.49
0.00/0.83
3.00
1.93
0.64
132.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 3
3 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 157.9
Best clustering variants
3 0.99/0.01 2 157.9
Okno

Тричлената комисија за доделувањето на наградата „Драги“ оваа година ќе ја сочинуваат д-р Јана Михајловска (библиотекар и претседател на Библиотекарското здружение на Македонија; претставник од семејството на Драги Михајловски), д-р Анастасија Ѓурчинова (редовен професор на Катедрата за италијански јазик и книжевност и преведувач; претставник предложен од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“) и Иван Шопов (писател и преведувач, претставник предложен од издавачката куќа „Антолог“). Наградата се состои од плакета и статуетка „Драги“ и паричен дел кој изнесува 40.000 денари.

Во прилог е комплетниот список на пристигнати дела (наведени по азбучен ред според првата буква од името на преведувачот): 1. Андријана Папиќ-Манчева за преводот од француски јазик на „Годините” од Ани Ерно, издание на Илика, 2025 година (електронски формат) 2. Бранислав Мирчевски за преводот од бугарски јазик на „Загубени во слободата“ од Владимир Зарев, издание на Или-или, 2025 година 3. Бранислав Мирчевски за преводот од англиски јазик на „Граница: Патување до работ во Европа“ од Капка Касабова, издание на Или-или, 2024 година 4. Виолета Танчева-Златева за преводот од бугарски јазик на „Ѕвезди под клепките“ од Николај Терзијски, издание на Три, 2024 година 5. Даниела Тошева за преводот од старогрчки јазик на „Хизмина и Хизминиј“ од Евматиј Макремволит, издание на Чудна шума, 2024 година 6. Дарко Спасов за преводот од словенечки јазик на „Лнинов парк“ од Тадеј Голоб, издание на Чудна шума, 2024 година 7. Драгана Евтимова за преводот од словенечки јазик на „Чиракот на волшебникот“ од Евалд Флисар, издание на Прозарт, 2024 година 8. Душанка Каевска и Ксенија Чочкова за преводот од германски јазик на „Собрани раскази“ од Франц Кафка, издание на Антолог, 2024 година 9. Ѓоко Здравески за преводот од српски јазик на „Дервишот и смртта“ од Меша Селимовиќ, издание на Антолог, 2025 година 10. Ели Пујовска за преводот од холандски јазик на „Легенди, митови и фантазии“ од Луис Коуперус, издание на Макавеј, 2024 година 11. Ели Пујовска за преводот од холандски јазик на „Трофеј“ од Хеа Схутерс, издание на Чудна шума, 2025 година 12. Ермис Лафазановски за преводот од романски јазик на „Летото во кое мама имаше зелени очи“ од Татјана Цибуљак, издание на Три, 2024 година 13. Звонко Танески за преводот од словачки јазик на „Еднорози“ од Барбора Хринова, издание на Перун артис, 2024 година 14. Зоран Спасовски за преводот од турски јазик на „Хусеин Фелахот“ од Ахмет Митхат Ефенди, издание на Алманах, 2024 година 15. Ирена Јурчева за преводот од англиски јазик на ,,Црниот мачор – раскази за мистеријата” од Едгар Алан По, издание на Три, 2024 година 16. Искра Димковска за преводот од италијански јазик на „Островот на срцебиењето“ од Лаура Имаи Месина, издание на Антолог, 2025 година 17. Јасминка Марковска за преводот од норвешки јазик на „Утро и вечер“ од Јун Фосе, издание на Артконект, 2024 година 18. Калина Малеска за преводот од англиски јазик на „Слобода: созревање на крајот на историјата“ од Леа Ипи, издание на Или-или, 2024 година 19. Катерина Сотирова за преводот од италијански јазик на „Амфора“ од Луиџи Пирандело, издание на Или-или, 2024 година 20. Катица Гароска Ацевска за преводот од српски јазик на „Semper Idem“ од Ѓорѓе Лебовиќ, издание на Полица, 2024 година 21. Кристина Стаменова за преводот од кинески јазик на „Јас не сум прељубница“ од Лиу Џенјун, издание на Македоника литера, 2025 година 22. Лидија Танушевска за преводот од полски јазик на „Емпусион“ од Олга Токарчук, издание на Антолог, 2025 година 23. Љубица Арсовска за преводот од англиски јазик на „Генијот и божицата“ од Олдос Хаксли, издание на Артконект, 2025 година 24. Мариана Палашевска за преводот од германски јазик на „Волк“ од Саша Станишиќ, издание на Полица, 2024 година 25. Марија Гиревска за преводот од англиски јазик на „Патот до Индија“ од Едвард Морган Форстер,издание на Марија Гиревска, 2025 година 26. Марио Стојаноски за преводот од англиски јазик на „Чуварка на семиња“ од Дајен Вилсон, издание на Матица, 2024 година 27. Милан Дамјановски за преводот од англиски јазик на „Десет раскази“ од О. Хенри, издание на Светла комора, 2024 година 28. Никола Кузманоски за преводот од англиски јазик на „Сенката над инсмот и други грозотии“ од Хауард Филипс Лавкрафт, издание на Полиграматон, 2024 година 29. Сашо Огненовски за преводот од хрватски јазик на „Случајот на сопствената погибел“ од Кристијан Новак, издание на Перун артис, 2025 година 30. Сашо Огненовски за преводот од хрватски јазик на „Зошто сум ве лажела“ од Јулијана Матановиќ, издание на Перун артис, 2025 година 31. Соња Стојменска – Елзесер за преводот од чешки јазик на „На убавата сина Джевнице“ од Антонин Бајаја, издание на Перун артис, 2025 година 32. Светлана Кочовска – Стевовиќ за преводот од старогрчки јазик на „Приказна од Ефес: Антија и Хаброком“ од Ксефонт од Ефес, издание на Или-или, 2025 година 33. Стефан Марковски и Викторија Митрикеска – Марковска за преводот од англиски јазик на „Макс Хавелар или аукциите за кафе на холандската трговска компанија“ од Едуард Дувес Декер – Мултатули, издание на Современост, 2024 година 34. Стефан Марковски и Викторија Митрикеска – Марковска за преводот од хрватски јазик на „Мали необични луѓе“ од Миро Гавран, издание на Современост, 2024 година 35. Филип Димевски за преводот од полски јазик на „Маскарада“ од Витолд Гомбрович, издание на Бегемот, 2024 година Годинашното издание на наградата „Драги“ е реализирана од страна на издавачката куќа „Антолог“ со поддршка на Министерството за култура и туризам и во соработка со Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје. Okno