Ќе се зголеми кредитот за доизградба на автопатот Кичево-Охрид, ова го најави премиерот Мицкоски ден по пуштањето на 20 километарската делница.
20 километри од автопатот Кичево-Охрид од денеска се пуштени во употреба 360степени | 13 јули, 2025 14:18.
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на пуштање на дел од патот Кичево-Охрид и динамиката на работа на другите автопати, изјави: „Што се однесува до динамиката на изградба на автопатот кој што е дел од Коридорот 8, а го поврзува Кичево со Охрид, можам да кажам дека пред 8 месеци отприлика, состојбата беше до никаде.
Автопатот Кичево–Охрид е најдобар пример за тоа како ВМРО-ДПМНЕ ги започнува проектите со цел само да се сликаат и да се пофалат, без основен проект, без испитувања и без решени клучни прашања, соопштија денеска од опозициската партија СДСМ.– Кога СДСМ го презеде проектот во 2017 година, на терен затекнавме само околу 30% прогрес на работите, нерешена експропријација, свлечишта на косините, без изработени клучки и со куп сериозни проблеми.