На првенецот на Македонскиот народен театар, Никола Ристановски, на престижниот Филмски фестивал во Пула му беше врачена престижната награда „златна арена“ за споредна машка улога во филмот „Меѓу боговите“ во режија на Вук Ршумовиќ.
За истиот филм со „златна арена“ за главна женска улога се закити и неговата партнерка во филмот, Ферештех Хосеини. Како што изјави Ристановски за време на работата на филмот, сценариото на Ршумовиќ е прекрасно, а работата на него била специфична, и покрај тоа што му биле дадени 40 дена за да се подготви. Novamakedonija