По настапите на отворањето на 39. фестивал „Будва – град театар“ во Црна Гора и во рамките на фестивалот „ВондерФил“ во Холандија, каде што заедно со своите пријатели Крстев, Сомов, Мамудов и Нушев го изведе проектот „Македонисимо“, јулските концерти на македонскиот пијанист од светски глас Симон Трпчески значеа неколкудневен престој на сцените во бразилската метропола Сао Паоло.
Македонскиот пијанист од светски глас Симон Трпчески одржа концерти во бразилската метропола Сао Паоло.