Жири-комисијата за доделување на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП за 2025 година одржан на 18 јули 2025 година, по завршување на првата, поединечна фаза на работа, во согласност со Правилникот за наградата, едногласно ја усвои следнава листа на потесен избор од пет поетски книги (наведени по азбучен ред, според презимето на авторот): – „Рубедо“ од Андреј Ал-Асади (Скопје: ПНВ Публикации, 2025) – „Рајсфершулс“ од Јулијана Величковска (Скопје: ПНВ Публикации, 2024) – „Маслина и младост“ од Гордана Михаилова Бошнакоска (Скопје: Макавеј, 2025) – „На ти со Ерос и Танатос“ од Виолета Танчева-Златева (Скопје: Три, 2025) – „Вообразби: лирски етиди за некој друг свет“ од Бранко Цветкоски (Скопје: Макавеј, 2025) На конкурсот пристигнаа 37 книги од исто толку автори, кои влегоа во конкуренција. Novamakedonija