Друштвото на ликовни уметници од Македонија – ДЛУМ во рамки на „Скопско културно лето“ традиционално ја организира изложбата „Скопски урбани приказни“ со средства обезбедени од Министерството за култура и туризам на Република Македонија.
Фонтана „Филип 2„, Камен Мост, парк „Жена борец“, Сквер Јадран, улица Максим Горки, се само некои од локациите на кои деновиве ќе бидат изложени уметнички дела на повеќе уметници, во рамки на изложбата „Скопски урбани приказни“.