Пејачката Касандра „Каси“ Вентура (38) се расплакала на судот во Њујорк во текот на вториот ден од нејзиното сведочење против музичкиот могул Шон „Диди“ Комбс (55). На поротниците им биле прикажани експлицитни фотографии од забавите на Диди што тој ги нарекол „Freak Offs“, а на нив била и самата Вентура.
Самиот Диди, наведува „Скај њуз“, го замолил својот адвокат да му ги покаже фотографиите.
Во текот на нејзиното сведочење, таа изјавила дека, покрај физичкото насилство, доживеала и психичко злоставување, бидејќи никогаш не знаела „кој ќе биде Диди кога ќе се разбуди“.
Врската на Кеси и Пи Диди започна во 2007 година, две години откако тој го продуцираше нејзиниот албум (таа беше тинејџерка кога започна да се занимава со музика). Се појавија гласини дека се свршиле во 2014 година. Plusinfo
Таа тврдеше дека тој целосно ја контролирал, често упатувал закани и оставал оружје низ куќата за да ја заплаши.
Најшокантните обвинувања се однесуваат на таканаречените забави „Freak Off“ - повеќедневни сексуални оргии во кои Комбс ја принудувал да учествува со платени мажи, додека тој гледал и снимал. Kanal5
Адвокатите на раперот сè уште не дале коментар за тужбата.
На судењето против раперот беа откриени крајно вознемирувачки детали, а беше емитувана и хотелска снимка од 2016 година во Лос Анџелес, на која се гледа како раперот ја тепа Касандра Каси Вентура, со која во тоа време беше во врска. Plusinfo
На суд, Вентура откри некои од деталите за наводната злоупотреба што ја претрпела од страна на музичкиот магнат Диди.
Инаку, Кеси Вентура се појави бремена на сведочењето во судот. Plusinfo
Во ноември 2023 година, пејачката поднесе тужба против раперот и изнесе низа грозоморни детали.
Тужбата подоцна беше повлечена, а деталите од договорот не беа објавени во јавноста. Plusinfo
Снимката, која беше прикажана во целост пред поротата на судењето, ги прикажува морничавите моменти од насилството во 2016 година во хотелот „Интерконтинентал“ во Сенчури Сити, Во видеото, Комбс, облечен во крпа, бесно ја брка Кеси по ходникот, ја зграпчува за косата, ја соборува на подот и ја клоца злобно додека таа лежи неподвижна.
Потоа ја влече назад во собата за качулката, додека подоцна на видеото се појавува обезбедувач како се обидува да интервенира. Kanal5
Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Таа пред судот изјави дека не знае на колку од забавите „Freak Offs“ на Диди била, но мисли дека се стотици.
Откако раскинаа во 2018 година, таа повеќе не присуствувала на нив. Plusinfo
За време на судењето, адвокатите на Комбс безуспешно се обидоа таа да сведочи пред да пристигне поротата, бидејќи тврдеа дека нејзината бременост може да влијае на поротниците.
Судијата не го прифати тоа барање. Kanal5
Еден ден по официјалното отворање на Канскиот филмски фестивал, каде што Роберт де Ниро зборуваше против американскиот претседател Доналд Трамп, Том Круз пристигна во јужниот француски град за да го претстави осмиот дел од „Невозможна мисија“.
Холивудската мегазвезда Том Круз пристигна во Кан за да го промовира новото продолжение „Невозможна мисија“ на 78. издание на најпрестижниот европски филмски фестивал.
Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска, во рамките на конференцијата на библиотекарите со наслов „Услуги за корисниците со посебни потреби и лица со попреченост“ порача дека библиотеките мора да се приспособат, да бидат пофлексибилни, поотворени и подостапни за сите граѓани, без исклучок.
Денес од мојот роден град Велес – градот со богато културно наследство – се обратив на конференција посветена на улогата на библиотеките во создавање инклузивни и достапни културни простори, објави Зоран Љутков, министер за култура и туризам.
Жулиет Бинош, претседателката на жирито, ѝ оддаде почит на фоторепортерката Фатима Хасуна, убиена во Појасот Газа.
78-то издание на Канскиот филмски фестивал започна со политички наелектризиран и холивудски почеток , синоќа, кога на Роберт Де Ниро му беше врачена почесна Златна палма од Леонардо Дикаприо.
Италијанската премиерка Џорџа Мелони беше дочеканасо голема љубезност од премиерот Еди Рама, кој исто така покажа гест на учтивост кон неа со отстранување на чадорот и клекнување на колена.
Во текот на претстојниот викенд, Дајмонд мол ќе биде место каде низ забава, децата ќе се едуцираат за особено значајни еколошки теми и каде граѓаните ќе можат да го рециклираат текстилниот отпад и да бидат сигурни дека придонесуваат за заштита на животната средина.