Додека српските медиуми во последните неколку дена шпекулираа дали Ана Бекута ја напушта Ѕвездите на Гранд, пејачката во емисијата „Ѕвезде Гранда специјал“ откри дека тоа нема да се случи.
Бекута со години е препознатливо лице во жирито на гореспоменатото музичко натпреварување, а по смртта на директорот на продукцијата на Гранд, Саша Поповиќ, многумина се прашуваат што ќе се случи со ,,Ѕвездите на Гранд”, како и со членовите на жирито.