Дозволено ви е да берете цвеќиња, печурки и бобинки, да пливате во езера, да поставите шатор, да престојувате на сите плажи, да ловите риба на петте големи езера и по должината на брегот, да јавате коњи, да се возите со кајак, да го донесете вашето куче, па дури и да запалите оган (освен ако тоа моментално не е забрането поради суша или некоја друга причина). Секој што е трауматизиран од балканскиот геном автоматски е сомничав и параноичен во врска со идејата, но не грижете се. Во Шведска, оваа слобода доаѓа под услов природата да не биде нарушена или уништена. Puls24