Популарниот Ноле по триумфот во првото коло против Александар Мулер направи симболичен гест кон публиката, симулирајќи движење на „пумпање“, што многумина го поврзаа со заштитниот знак на студентската побуна, која почна по трагедијата во Нови Сад, каде што пад на надстрешница предизвика смрт на 16 лица.
Српската пејачка Јелена Карлеуша не се откажува од прозивките за најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ.Имено, откако објави два слични статуса за тоа како Новак Ѓоковиќ не е спортист бидејќи меша политика на теренот, режимската пејачка продолжи да го напаѓа тенисерот на социјалните мрежи.