Амал Клуни е сопруга на една од најголемите актерски ѕвезди на денешницата, а за да ја заштити приватноста на своето семејство, таа посегнува по необични методи и откри дека им ги „одзема телефоните“ на гостите во нејзината куќа.
Амал неодамна во интервју за списанието „Гламур“ прозборе за нејзиното партнерство со сопругот Џорџ Клуни, приватниот семеен живот и поставувањето граници.Адвокатката, која со оскаровецот ги доби осумгодишните близнаци Ела и Александер, откри дека кога гостите ја посетуваат дома – таа ги зема нивните телефони за да создаде безбеден простор за приватни моменти.