Ако Кина почне инвазија на Тајван, би можела да побара од Русија истовремено да отвори друг фронт – против земји-членки на НАТО, вели Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во интервју за американскиот весник „Њујорк Тајмс“.
Ако Си Џинпинг реши да го нападне Тајван, прво ќе му се јави на Владимир Путин за да предизвика вознемирување во Европа со напад на територија на НАТО, изјави Руте, додавајќи дека такво сценарио е можно за пет до седум години.