WOOHOO, ресторан кој се претставува како „ресторан на иднината“, треба да се отвори во септември во центарот на Дубаи , на чекор од највисоката зграда во светот – Бурџ Калифа, објави Индекс . Храната во WOOHOO засега ќе ја подготвуваат луѓе, но сè друго – од менито до амбиентот и услугата – ќе биде дизајнирано од кулинарски модел базиран на вештачка интелигенција наречен „Шеф Ајман“.
Ајман, комбинација од зборовите „AI“ (вештачка интелигенција) и „man“ (човек), бил обучен врз основа на децениски истражувања за нутриционистичката наука, податоци за молекуларен состав и повеќе од илјада рецепти од различни кулинарски традиции низ целиот свет, изјави Ахмет Ојтун Чакир, еден од основачите на ресторанот WOOHOO.