Доцнењето генерално се смета за негативна особина во општеството – грубо, неодговорно и знак за лоша организација.Луѓето кои доцнат често се обвинуваат дека не го почитуваат времето на другите луѓе или дека доцнат цело време затоа што „не им е гајле“.
Во деловна средина, ова може да биде сериозен проблем, а не е добредојдено ниту во приватниот живот.Сепак, некои истражувања покажуваат дека луѓето кои доцнат честопати имаат и некои многу корисни особини кои им помагаат да бидат успешни, поотпорни на стрес, па дури и да живеат подолго.