Манифестацијата „Илинденски денови“ започнува во Битола денеска и ќе трае до 31 јули, спроти Илинден, големиот празник на македонскиот народ.
Над 1.300 членови на фолклорни ансамбли, групи и културно уметнички друштва од Полска, Грузија, Мексико, Индонезија, Хрватска, Швајцарија и домашните македонски фолклорни групи од 18 до 31 јули ќе учествуваат на фестивалот во Битола.