Најновиот филм на Теона Стругар Митевска – „МАЈКА“, годинава ќе ја отвори селекцијата „Хоризонти“ на 81. издание на престижниот Венецијански филмски фестивал.
Никола Ристановски ја толкува улогата на отец Фредерик, покрај шведската актерка Номи Рапас („Девојката со тетоважа на змеј“, 2011) во улогата на Мајка Тереза и Силвија Фокс во улогата на сестра Агнешка Филмот „Мајка“ на Теона Стругар Митевска ќе ја има честа да ја отвори програмата „Хоризонти“ на првиот натпреварувачки ден на годинашното издание на „Венецискиот филмски фестивал“.