Trn
Со емотивен настап пред над 42.000 обожаватели, Оззи беше драматично подигнат на сцена на трон, изјавувајќи:„Толку е добро што сум повторно на оваа ебена сцена – немате поим!“ Сабат одсвиреа краток, но симболичен сет од четири песни:„War Pigs“, „N.I.B.“, „Iron Man“ и „Paranoid“, со што ја затворија вечерта, но и својата епска приказна заедно.
Концертот беше засилен од ѕвезди на хеви метал сцената, меѓу кои Metallica, Pantera, Tool, Guns N’ Roses, Slayer, Lamb of God, Mastodon, Halestorm, Anthrax, Alice in Chains и други, кои му оддадоа почит на Оззи и неговото влијание. Trn