Printscreen / youtube/Eurovision Song Contest Сите гласови од телеволтингот во текот на вечерта беа преброени и потврдени, а обожавателите во Санкт Јакобшале во Базел, Швајцарија и низ целиот свет го задржаа својот колективен здив, синоќа, додека водителките Хејзел Бругер, Мишел Хунцикер и Сандра Студер го соопштија победникот на Евросонг 2025.
Победата на 69-то издание на Евросонг што се одржа во Базел ја извојува австрискиот музичар Џ.Ј., односно Јоханес Пич со песната „Wasted Love“.