Копенхаген е официјално прогласен за најпријатен град за живеење во 2025 година, со што го симна од тронот претходниот шампион Виена, која три години по ред го држеше првото место на листата на Economist Intelligence Unit (EIU). Во конкуренција на 173 светски градови, данската престолнина се истакна со „совршени оценки“ во категориите стабилност, образование и инфраструктура, со што го зазеде првото место на глобалниот индекс за квалитет на живот.
По три години на врвот на годишната листа на „Економист интелиџенс јунит“ (Economist Intelligence Unit - 'ЕИУ'), главниот град на Австрија е детронизиран од „прекрасниот, преубав Копенхаген“, како што се наведува.