Во засебна објава на својата социјална мрежа, американскиот претседател се осврна и на политичката состојба во Иран, велејќи дека ако сегашниот режим не е во можност „да го направи Иран повторно голем“, тогаш неговата промена е неопходна Еден ден по нападот на САД врз три нуклеарни посторојки во Иран, американскиот претседател Доналд Трамп во објава на својата социјална мрежа Трут соушл рече дека нанесената штета е монументална.
Американскиот претседател Доналд Трамп, во директното обраќање до нацијата, потврди дека американските сили извршиле напади врз три ирански нуклеарни постројки.
Директорката на американската национална разузнавачка служба, Тулси Габард, сега тврди дека Иран би можел да произведе нуклеарно оружје „во рок од неколку недели“.Во март, таа пред сенатскиот комитет изјави дека Иран не развива нуклеарно оружје.
Американскиот претседател Доналд Трамп на прес-конференција во Белата куќа изјави дека целта на нападот врз Иран е да се уништи капацитетот за збогатување на ураниум и да се запре нуклеарната закана, и оцени дека станува збор за „спектакуларен воен успех“.