Јубилејното издание ќе им ја понуди на поклониците на „кралот на компактната класа“ својата најсилна GTI изведба која од дволитрен турбо-бензински мотор ќе испорачува 325 КС и 420 Nm. Ова е засилување од 60 коњи во однос на стандардниот GTI, но сепак, за воља на вистината, има седум коњи помалку од Golf R. Повторно, ако се зборува за воља на вистината, пред продукцискиот модел на VW Golf GTI EDITION 50 оствари побзо време на истата патека, долга 21,8 километри, од најсилниот припадник на семејството за цела секунда со забележани 7 минути и 46 секунди Подвозјето на Golf GTI EDITION 50 е дополнително усовршено и прилагодено на поголемата моќност и е 15 мм поблиску до тлото од основната конфигурација.