Модната икона Вера Ванг, родена на 27 јуни 1949 година, го прослави својот 76-ти роденден со забава во Париз, а судејќи според фотографиите што ги сподели од прославата, малкумина би рекле дека е во осмата деценија од животот.
Познатата дизајнерка на венчаници наполни 76 години, но кога ќе видите како изгледа, ќе ви биде тешко да поверувате.