Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вечерва ќе се обрати и официјално ќе го отвори 65-то издание на Меѓународниот фестивал „Охридско лето“.
Со гала концерт на американска пијанистка со блескава уметничка кариера, Клер Хуангчи, во придружба на орекестарот на Македонската филхармонија под диригентска управа на маестро Едвин Оутвотер вечер на Античкиот театар ќе биде отворено годинешното 65-то издание на најголемата и најпознатата музичко сценска манифестација во земјата, Фестивалот „Охридско лето“.