Во организација на Македонската асоцијација на земјоделски задруги денеска во село Миравци, гевгелиско, ќе биде одбележан Меѓународниот ден на задруги.
Како што информираат од МАЗЗ, настанот има цел да го развие дијалогот помеѓу земјоделците, владините и невладините институции, како и позитивна промоција на економското организирање на земјоделците како единствена перспектива за развој на земјоделството во регионот.