Именувањето на уметникот од Гостивар, Али Синани, кој изминативе 25 години живее и работи во Швајцарија, за нов директор на Националната галерија, предизвика револт меѓу вработените, но и партиски препукувања меѓу ВМРО и опозициската СДСМ за партизација на културата.
Директорите не смеат да се избираат според политичка или етничка припадност, туку според стручност, визија и докажана посветеност, велат од Синдикатот на културата Културата не е квота, директорите не смеат да се избират според политичка или етничка припадност, туку според стручност, визија и докажана посветеност, велат од Синдикатот на културата (СКРМ). Во објавата од СКРМ се наведува дека уште во март испратиле допис до министерот за култура и туризам Зоран Љутков, од кого бараат при изборот на директори на националните институции да не се отстапува од мерит-системот и да се избере најквалификуваниот од сите пријавени кандидати.