Познатата убавица, германскиот топ модел Хајди Клум се појави на Филмскиот фестивал во Кан, кој годинава се одржува по 78-ми пат.
За оваа пригода, таа избра цветен фустан од Ели Сааб кој е многу ефектен, меѓутоа, само пред фестивалот да не беше донесено ново правило за забрана на голотија на црвениот тепих… Хајди очигледно не сакала да се откаже од фустанот што го избрала за црвениот тепих во Кан, дури и ако ги прекршила сите правила што ги пропишале организаторите.