Во рамки на 46. фестивал „Скопско лето“, вечер од 20 часот во Сули ан ансамблот „Консонанс“ ќе изведе концерт за деца „Песна за жирафата“ – забавна и едукативна приказна на музика на Франц Јозеф Хајдн.
Вечерва, 26. јуни, во рамки на 46. издание на фестивалот „Скопско лето“ ќе се одржи концерт за деца насловен „Песна за жирафата“ во изведба на ансамблот „Консонанс“ со почеток во 20:00 часот во Сули ан. Влезот ќе биде регулиран со влезници по цена од 300 денари (родител+дете), кои ќе може да се купат пред почетокот на настанот на влезот на Сули ан. „Песна за Жирафата” е музичка приказна за деца која преку прекрасната музика на композиторот Ф. Ј. Хајдн и забавниот и едукативен текст, ни ги претставува и доловува специфичностите на секој од инструментите, на интересен и креативен начин.