Капитенот на хрватската репрезентација Лука Модриќ (39) е нов играч на Милан.
Навивачите на Милан имаат причина да бидат горди откако Лука Модриќ утрово слета во Милано, на лекарски прегледи пред и официјално да го стави својот потпис на договорот со „росонерите“.
Пред почетокот на Светското клупско првенство, кое заврши синоќа, се знаеше само едно, а тоа е дека Лука Модриќ ќе си замине од Реал Мадрид кога ова натпреварување ќе заврши за нив.
Лука Модриќ по 13 години поминати во Реал Мадрид, одиграни 597 натпревари и освоени рекордни 28 трофеи како легенда замина од главниот град на Шпанија.