Нашата сила е во обединетоста и стабилноста преку зајакнување на односите со нашите соседи и со Европската Унија, преку отворање нови пазари, нови работни места, нови пријатества, отстранување на бариерите за трговија, подобрување на инфраструктурата и зголемување на инвестициите, порача премиерот Христијан Мицкоски денеска на отворањето на лидерскиот самит на ЕУ и Западен Балкан посветен на Планот за раст, кој е можност за евалуација на постигнатиот напредок и дефинирање на следните чекори за зајакнување на европската интеграција на регионот.
Во Скопје денеска ќе се одржи лидерскиот самит на Европската Унија и Западен Балкан посветен на Планот за раст кој ќе биде можност за евалуација на постигнатиот напредок и дефинирање на следните чекори за зајакнување на европската интеграција на регионот.
Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска пристигна во посета на земјава по повод учеството на лидерската средба ЕУ – Западен Балкан на која ќе се разговара за Планот за раст.
Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, денес и утре ќе ја посети нашата држава.