Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања рече дека во периодот што следува ќе бидат номинирани нови имиња на местото на Алијанса за Албанците, крило на Арбен Таравари, кои излегоа од владината коалиција.
Лидерот на Демократското движење и еден од лидерите на коалицијата „Влен“ Изет Меџити по излегувањето на Алијанса на Албанците на Арбен Таравари од владината коалиција напиша дека Влен продолжува по патот на промената.
Соопштение на СДСМ Излегувањето на Алијанса за Албанците од Владата е доказ дека полека, но сигурно и граѓаните и политичките партии кои се уште се дел од владината коалиција гледаат дека Мицкоски ја води државата во провалија.
Алијансата за Албанците (AA) на претседателот Арбен Таравари вечерва во централното седиште во Тетово одржува состанок со највисоките раководни органи на партијата.