Advertisement - WOOHOO, ресторан кој се претставува како „ресторан на иднината“, треба да се отвори во септември во центарот на Дубаи, многу блиску до највисоката зграда во светот, Бурџ Калифа.
Храната (засега) ја подготвуваат луѓе но сè друго – вештачката интелигенцијаХраната во „WOOHOO“ засега ќе ја подготвуваат луѓе, но сè друго, од менито до амбиентот и услугата, ќе биде дизајнирано од кулинарски модел генериран од вештачка интелигенција наречен шеф (готвач) Аиман (Chef Aiman). Аиман, комбинација од зборовите „AI“ и „човек“, е обучен врз база на децении истражувања за науката за храна, податоци за молекуларен состав и повеќе од илјада рецепти од кулинарски традиции ширум светот, рече Ахмет Ојтун Чакир, еден од основачите на „WOOHOO“.