Во пресрет на денешната дискусија и утрешното гласање во Европскиот парламент (ЕП) за Извештајот за напредокот на Македонија кон ЕУ од работната група на Томас Вајц Жестоки антимакедонски лобирања на Софија и на Атина со широка палета на форми и методи, со стравотни притисоци, но и со верувања за „мед и млеко“, доколку во Извештајот на Вајц европарламентарците гласаат да „исчезнат македонскиот идентитет и јазик“.
„Опасноста, коiа угрожаат на нашиiот народ и негоите интереси от страна на пропагандите, коiи шчо употребуваат сите и дозволени и недозволени средства, за да исчистат од Македониiа нашиiот iазик и со него нашите дуовни интереси и да насадат на нивно место нивните iазици со нивни интереси, не само не задолжуат нас, но и ни даат полно прао да употребиме сите и дозволени и недозволени стредства, за да сочуаме нашиiот народен iазик, и со него нашите народни интереси“.