Вадењето на јазикот од извештајот не е закана за признавањето на јазикот од Унијата ниту за идентитетот, туку тоа е пораз на владината дипломатија, порача претседателот на СДМ Венко Филипче на денешната прес конференција по повод увојувањето на извештајот на Европскиот парламент без термините „македонски идентитет“ и „македонски јазик“.“Вадењето на јазикот од извештајот е пораз на владината дипломатија, која не успеа да подобри ништо од позициите кои ги наследи, туку како со булдожер ги сруши.
Филипче ја осуди изјавата на бугарскиот министер за надворешни работи кој го нарече Мицкоски „северномакедонски” премиер, истакнувајќи дека такви изјави не се во духот на демократијата и добрососедството.
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција во одговор на новинарско прашање упати остра критика до актуелната Влада поради неспособноста за справување со пожарите, посочувајќи дека институциите ниту превентивно дејствуваат, ниту соодветно реагираат.