Откако синоќа студентите блокираа раскрсници и мостови во неколку градови во Србија, утрово во Белград е мирна ситуацијата, иако може да се забележи и натаму присуство на полицијата, пишуваат српските медиуми.
Во текот на вчерашниот ден блокади беа организирани во повеќе од 20 градови, меѓу кои Белград, Нови Сад, Младеновац, Крушевац, Чачак, Суботица, Краљево, Пожаревац, Смедерево, Лајковац, Лазаревац, Лесковац, Параќин, Ќуприја, Горни Милановац, Сремска Митровица, Шабац, Нови Пазар… Во Нови Сад, каде вчера се навршија осум месеци од трагедијата со уривањето на надстрешницата, граѓаните одржаа комеморативен собир на самото место на несреќата.