Европскиот парламент (ЕП) на 7 мај усвои резолуција во која се оценува дека, и покрај одреден напредок, Србија сè уште треба да надмине значајни пречки на патот кон Европската унија (ЕУ), пред сè подобрување на внатрешниот политички дијалог, реформи во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата, постигнување сеопфатен договор за нормализација на односите со Косово, како и целосно усогласување со надворешната политика на ЕУ. Како што пренесува РСЕ, резолуцијата на известувачот на ЕП за Србија, Тонино Пицула, беше усвоена со 419 гласови „за“, 113 „против“ и 88 „воздржани“ на седницата во Стразбур.
Европскиот парламент (ЕП) денеска усвои резолуција во која се оценува дека Сбија, и покрај извесниот напредок, сè уште треба да ги надмине значајните пречки на патот кон Европската унија (ЕУ), пред се подобрувањето на внатрешниот политички дијалог, реформите во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата, постигнувањето сеопфатен договор за нормализирање на односите на ЕУ, како и целосна хармонизација на односите со Косово.