Да испратам една порака до сите пред сè до граѓаните на Република Македонија, а тоа е дека сè додека оваа политичка генерација, актуелна предводена од премиерот Христијан Мицкоски сме здрави и живи и сè додека имаме поддршка од граѓаните, Али Ахмети, Бујар Османи, Артановци и на нив сличните нема да бидат ниту дел од Владата, ниту ќе бидат власт во Република Македонија.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов по одлуката на Арбен Таравари да ја напушти Влада, истакна дека останува на времето да видиме колку од високите владини функционери и други функционери, директори ќе му веруваат и ќе одлучат да играат согласно неговите лични интереси и ќе поднесат оставки од позициите.