Претседателката на бугарскиот парламент, Наталија Киселова, го отфрли предлогот на претседателот Румен Радев за организирање референдум за воведување на еврото, велејќи дека тоа е спротивно на уставот, објави бугарската новинска агенција БТА. Mk
Во образложението на Киселова се тврди дека предлогот е во спротивност со Уставот, Договорот за функционирање на Европската Унија, Договорот за пристапување на Република Бугарија кон ЕУ и Законот за непосредно учество на граѓаните во државната власт и локалната самоуправа.
Исто така, во образложението се посочува дека предлогот на претседателот и неговите аргументи не се во согласност со пресудата на Уставниот суд по иницијативата на „Преродба“ за референдум за прашањето за еврото. Biznisvesti
Претседателката на бугарското Национално собрание, Наталија Киселова, која претходно беше советник на претседателот, му го врати на претседателот Румен Радев предлогот за референдум за воведување на еврото. Biznisvesti