Владата денеска на седница го прифати договорот со британската Влада за стратешко партнерство и го овласти вицепремиетрот и министер за транспорт Александар Николоски да го потпише на церемонија во Лондон закажана за четврток.
Facebook/Aleksandar Nikoloski Со Договорот за стратешко партнерство со Велика Британија ќе отвори можност за преку 70 проценти од домашните компании да учествуват во реализација на инфраструктурните проекти.
Facebook/Aleksandar Nikoloski Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на денешната прес-конференција објави дека Владата го усвоила Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство и најави дека истиот Договор веќе во четврток, делегација предводена од вицепремиерот Николоски ќе биде потпишан во Лондон.
“Договорот за стратешка соработка со Велика Британија ќе значи многу и за политиката и за економијата и целосно ќе нè трансформира како држава и ќе нè однесе на друго ниво.” Ова го изјави вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, синоќа, потенцирајќи го значењето на овој договор за државата.