Бугарскиот претседател Румен Радев остро ја нападна владата на Росен Жељазков откако извештајот за напредокот на Македонија помина во Европскиот парламент без придавката „модерен“ за македонскиот јазик и идентитетот.
Почитуван г. Радев Претседател на Република Бугарија Во мое лично име и во име на огромен број граѓани на Република Македонија, но пред сѐ во име на вистината, достоинството и европските вредности се обраќам со ова отворено писмо со цел да изразам сериозна загриженост, но и огорченост од вашите последователни изјави и дејствија кои директно го поткопуваат добрососедството, меѓусебната почит, регионалната стабилност и најважно, достоинството на македонскиот народ.