Десетици хулигани се приведени доцна синоќа во инцидентите што се случија во центарот на Белград, додека шест полицајци и двајца граѓани се повредени, соопшти по полноќ директорот на српската полиција Драган Васиљевиќ откако беше нападната полицијата по завршување на протестот „Се гледаме на Видовден“ организиран од Студентите во блокада.
На прес-конференција, Васиљевиќ рече дека повредените се уште се во Ургентниот центар и дека полицијата реагирала откако учесниците на митингот го нападнале полицискиот кордон што ги штител луѓето во и во близина на Пионирски парк каде се поддржувачи на властите во Србија. Kurir
Наместо тоа, тие се одлучија за насилство и репресија врз граѓаните.
Секоја радикализација на ситуацијата е нивна одговорност“, објавија на Х, студентите во блокада. Brif
Еве ме тука во Пионирски парк, или како што сакаме да го наречеме, Ќациленд, со гордост, со овие прекрасни млади луѓе кои само сакаат да учат и кои сега сфаќаат дека конечно победиле“, рече Вучиќ.
Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, доцна синоќа објави дека студентите на протестот во Белград на плоштадот Славија повикале на граѓанска војна. Republika