Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
16
9.20
13.21
5.77/0.90
16.00
3.38
0.21
1388.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 16
24 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 42.7
Best clustering variants
24 0.99/0.01 2 42.7
09:15 h 03-Jul-2025
  • Јавниот превоз во Белград беше суспендиран синоќа за време на големите улични блокади и бранот граѓанска непослушност, што следеше по насилната интервенција на полицијата против демонстрантите на масовните протести одржани на 28 јуни во српската престолнина.
  • ◉ Специјалците и граѓаните жестоко се судрија во Белград: Се огласи ОН, но и Вучиќ
05:16 h 02-Jul-2025
  • Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа изјави дека можеби ќе помилува некои од уапсените студенти, иако пред неколку дена изјави дека нема да го стори тоа.
  • Вучиќ: Реков дека нема помилување и се чувствував лошо, ова се наши деца
16:20 h 01-Jul-2025
  • Австриските медиуми деновиве интензивно известуваат за масовните граѓански и студентски протести што го потресуваат Белград и другите српски градови, фокусирајќи се на барањата за нови избори и авторитарниот одговор на власта.
  • Австриските медиуми за протестите во Србија: Десетици илјади бараат избори, автократот Вучиќ засега се спротивставува
13:24 h
  • Рускиот аналитичар Александар Дугин, познат и како „главниот идеолог“ на Владимир Путин во својата анализа на руски „Спутник“, на изненадување на многумина, коментирајќи ги најновите протести во Србија, порача дека српскиот претседател Александар Вучиќ повеќе нема поддршка и дека го загубил својот легитимитет.
  • Главниот идеолог на Путин застана против Вучиќ: Готов е, Србите сакаат да замине
05:50 h
  • Студентите во блокадата се свесни дека борбата против автократскиот режим на Александар Вучиќ е маратон, а не трка на 100 метри.
  • Анѓелковиќ: Не верувам дека Вучиќ ќе ризикува ниво на радикализација што би го довело во ситуација каде што нема каде да избега на Запад - не е склон да живее во Русија или Кина - Локално
Plusinfo

Но со белградската видовденска разврска стана појасно што било тоа што некои овде го посакуваа(т) односно како ги идентификуваа(т) случувањата таму и овде.

Иако нема ама баш ниту една допирна точка помеѓу тоа „таму“ и ова „овде“, уште помалку во разрешниците на трагедиите помеѓу Нови Сад и Кочани, македонската „пајтон интелигенција“, секогаш подготвена да подметнува, инсинуира, нагрдува и пророкува, успева(ше) да пронаоѓа сличности, да ја натегнува „врската“ до пукање, само за да докаже дека и кај нас се случува некаков државен заговор, партиска манипулација, криминално заташкување … Па дрдореа за некакви „балкански механизам на властите“, за непочитување на законите да се избегне одговорноста, за прикриени агенди и лоши истраги, посакувајќи и кај нас да се случи нова студентска револуција што ќе ја стресе власта, сонуваа за некакви милиони граѓани кои би им се приклучиле и слично, само и само да се детронизира домашната власт што им е трн во окото, да се вратат оние корумпирани криминалци од бившата коалиција, а со неа и уште поцрни денови од оние што ги живеевме изминатите седум години. Plusinfo

Plusinfo

И плачеа „нашиве“ што „молчат студентите, молчат институциите, молчат јавните личности, молчат таканаречените интелектуални елити, молчат медиумите, молчи партизираната јавност“ …, молчат сите освен нив – самонаречените „храбри исчекори“ – кои ја откривале вистината „експресно и громогласно“ (sic!). Каков јад, каква беда од луѓе кои во едно претходно време се беа удобно покриле со наметката наречена „општествено-политички работници“ и од таа позиција удираа по сè што беше спротивно на тогашната социјалистичка власт, за да подоцна се стават на распродажба „кој ќе даде повеќе“, но главно повторно држејќи се до скутот на некогашните газди, сега трансформирани во демократи и либерали.

И сега, привикувајќи го Белград во Скопје, гледаме што и зошто посакувале: општи немири наводно предизвикани од кочанската трагедија, коишто потоа ќе послужеа како „алиби ала Вучиќ“ за интервенција на полицијата, па потоа – ако имало Господ – и насилна смена на власта. Plusinfo