Од: А1он Вршителот на должноста – премиер на Косово Албин Курти денеска изјави дека ќе направи сè за новото Собрание да биде конституирано до крајот на јули, a во духот на соработка меѓу политичките партии. A1on
„Ќе сториме сè што можеме за да го оствариме тоа во дух на соработка, со идеја за консензус или компромис, за потоа да преминеме на формирање нова влада“, рече Курти.
Тој додаде дека на средбата биле разгледани сите аспекти на процесот на конституирање на Парламентот. Kurir
Конститутивната седница на Собранието на Косово во четвртокот, на 3 јули, беше прекината по 41-ви пат, откако повторно пропадна иницијативата на партијата Самоопределување на премиерот Албин Курти за избор на претседател на парламентот преку тајно гласање. Plusinfo